Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема
МАКЕДОНИЈА

Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема

Објавено December 12, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ во месноста Краста на падините на Водно ќе се одржи собир на кој кумот и здравичарот на Бадник 2025 ќе ги засечат бадниковите гранчиња. Новиот здравичар за 2025 година е Атанас Петков, а новиот кум Радомир Макеларски.

-Наше задоволство е веќе трета година да учествуваме во организација на овој настан. Ги повикуваме сите граѓани на 22ри на падините на Водно заедно да береме Бадникови гранчиња, а потоа на 6ти јануари свечено пред Соборниот храм, рече градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

-На 22 декември од 12 часот ќе започне општонародна граѓанска веселба на јужните падини на Водно. На 6 ти јануари кај Соборниот храм да го одбележиме овој голем празник на скопското бадникување, веќе е се спремно и сметаме дека се што ни е зацртано ќе го реализираме, посочија од Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

-Чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема, рече новиот здравичар за 2025 година Атанас Петков.

Петков е дипломиран архитект, роден 1955 година и живее во Скопје.

-Тоа ќе биде и убава можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 33-та средба на 6-ти јануари 2025 година на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски. Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, што наидоа на општа симпатија и одобрување кај скопјани, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување, информира Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерствата и општините потрошиле два милиони евра на адвокати за една година
Следна Статија Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик

Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик и најмалку ќе дозволам Македонија да…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село, Мицкоски ја најави градбата на нов мост

Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?