Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Објавено December 12, 2024 19:21
Сподели
Сподели

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, кои, како што наведуваат, се носат по скратена постапка и без широка јавна расправа, експертска дебата и сеопфатна анализа на нивните последици.

„Јавните набавки се една од клучните хоризонтални области во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025 година), и затоа секоја измена на законската рамка мора да биде предмет на внимателна и транспарентна проценка. Особено загрижува фактот што во предложените измени се предвидува промена на составот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, во исклучително краток рок од 15 дена, што отвора дополнителни прашања за транспарентноста и оправданоста на ваквите измени. Со оглед на системската важност на Законот за јавните набавки и ризиците од корупција што произлегуваат од јавните набавки, Државната комисија за спречување на корупцијата отпочна со спроведување на антикорупциска проверка на предложените измени и дополнувања на Законот. Оваа проверка е дел од заложбите за навремено утврдување и ублажување на ризиците од корупција и судир на интереси во законодавството, што е од суштинско значење за заштита на јавниот интерес“, се посочува во соопштението од ДКСК.

Државната комисија истакнува дека ваквите проверки се ефикасни доколку се извршуваат навремено, во фаза на подготовка на законите, а не откако тие ќе бидат донесени. ДКСК ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во процесот на следење на овој случај со цел да се обезбеди почитување на законитоста, транспарентноста и правичноста во носењето одлуки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Канадскиот премиер Џастин Трудо е неподнослива будала!
Следна Статија Ѓорѓиевски: Минималната глоба за создавачите на диви депонии да биде од четири до шест илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица

Од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот по завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар, пронајден токсичен пестицид

Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Македонија, објави Европскиот…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?