Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот

Објавено December 13, 2024 12:49
Сподели
Сподели

Ако не се најдат средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за исплата на пензиите ќе мора да се користат средства од буџетот ова утринава го изјави претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев.

Ако не се најдат средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за исплата на пензиите ќе мора да се користат средства од буџетот ова утринава го изјави претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев, прашан за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Според него оние кои водат економски политики мора да најдат решение за проблемот.

Проекции се прават од сите страни, а клучно е дека постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во фондот, порача денеска Глигор Бишев, претседателот на Фискалниот совет.

Оцени дека доколку не се изнајде решение, тогаш Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на долг рок ќе мора да се финансира од буџетот.

-За 2025 и 2026 година тој процент достигнува 37-38 проценти од вкупните исплати за пензии и тоа не е нешто што не е вообичаено, меѓутоа ние укажуваме дека тој обем претставува сега товар и за самиот буџет.

Тие се големи средства и заради одржливост на буџетот ќе треба да се најдат соодветни приходи во рамките на буџетот, бидејќи и средствата во буџетот имаат одредени намени, рече Бишев.

Истакна дека исплатите за пензии коишто учествуваа со 8,8 проценти од БДП оваа година достигнуваат околу 10,3 проценти од БДП, а со најавеното зголемување во 2026 година доаѓаат до 11,5 проценти од БДП.

-За да се зголеми учеството на пензиите во БДП треба нешто друго да се намали – дали е тоа лична потрошувачка, дали е инвестиции, дали се плати.

Ние го изнесовме тоа, укажавме и сега останува да се дефинираат соодветни политики. Една од политиките е тоа учество на долг рок да остане со тој процент, појасни Бишев.

Одби да коментира дали е добра опцијата за национализација на Вториот пензиски фонд како што некои предлагаат. -Тоа не е наше да коментираме.

Ние сме независно стручно тело кое има функција да укаже на ризиците што постојат за стабилноста на јавните финансии.

Ние тоа го направивме и не сакаме да ги преземаме функциите што се на носителите на економските политики, а тие функции се на Владата и ние целосно веруваме дека Владата има експерти и соодветни институции кои ќе изнајдат соодветно решение, укажа Бишев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров му посака на Додик добро здравје, енергија и оптимизам
Следна Статија Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата

Позитивни коментари од бизнис заедницата откако вчера се донесе Буџетот за 2025 година, во кој вкупните приходи се планирани на…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на провизиите е индивидуална одлука на банките, но се разгледуваат опциите, велат од Банкарската асоцијација

Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за нова инвестиција: Koмпанијата „Џаво Отмотив“ во Тетово ќе произведува автомобилски компоненти за познати светски брендови

Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони…

June 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?