Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување
ХРОНИКА

Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

Објавено December 13, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување на службена исправа и помагање во врска со измама, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, како и против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово.

Првопријавениот, во неколку наврати креирал медицински извештаи со невистинита содржина во корист на други лица, кои биле употребени како доказен материјал во осигурителна компанија и на име на обештетување на нематеријална оштета, исплатиле на жиро сметките на пријавените М.Д., Н.А., С.Д., Т.М. и на Ш.Х., поединечно по 80.000 денари, додека на пријавените Б.Д., Т.Љ. и лицето М.Т. им биле исплатени поединечно по 70.000 денари.

Паричните средства на пријавените Д.М. и лицето Ш.Х. не се лично подигнати, туку од пријавениот Б.Ф., кој претходно зел полномошно за подигање на паричните средства од филијалата на банката и подоцна со полномошно се уплатени на жиро-сметката на пријавениот А.Л..

Пријавените адвокати, го сториле првото кривично дело „злоупотреба на службената положба“ во текот на септември и октомври 2023 година, на начин што полномошното не го добиле лично од странките, туку од пријавениот А.Љ. и извештаите ги доставиле до осигурителната компанија, врз основа на кое била исплатена оштетата на жиро-сметките на пријавените во износ од 610.000 денари.

Останатите пријавени, во текот на септември и октомври 2023 година, свесно ги ставиле на располагање своите лични податоци врз основа на кои било креирано полномошно за подигање на парични средства од филијала на банка во Тетово, врз чија основа биле фалсификувани медицински извештаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината
Следна Статија Франција има нов премиер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место…

May 20, 2025
ХРОНИКА

Полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата

Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата. Како што неофицијално дознаваме, МВР преку…

April 7, 2026
ХРОНИКА

Почина возач на Брза помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени

Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Обид за убиство со нож во Охридски хотел

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за кривично…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?