Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение
МАКЕДОНИЈА

Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение

Објавено December 13, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Како што соопштија од македонскиот тим на Комисијата, средбата помина во конструктивна работна атмосфера со интензивна расправа за прашања од делокругот на работата на Комисијата.

Стана збор за евентуални заеднички чествувања. Се водеше дискусија за препораки за македонските учебници за 7 одделение. Се утврдуваше динамиката на работа за првото полугодие за 2025 година. Комисијата го усогласи текстот за нацрт-записникот од 27 седница“ соопшти македонскиот тим.

Следната средба на Комисијата ќе се одржи кон крајот на февруари 2025 година во Скопје.е

Претходната средба се одржа кон крајот на октомври во Скопје, што беше прва средба на новиот состав на македонскиот тим со нивните бугарски колеги.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември.

Нов претседател на македонскиот тим е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а членови во Комисијата се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во работата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега Комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил. Комисијата усвои и по пет препораки за измени во учебниците по историја за 6 оделение во Македонија и за 5 клас во Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австрија на сириските бегалци им нуди по 1.000 евра за да се вратат дома
Следна Статија (Видео) Каде е денес и како изгледа крадецот Марв од филмот „Сам дома“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Давос: Лобирање за стратешките енергетски проекти „Бошков мост“ и „Чебрен и Галиште“

Уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ова се имињата на 49-те нови судии

Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија. За судии на Основен…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државниот обвинител Савески го почнува мандатот

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство

Стратешка позиционираност на Македонија во регионот, развој на инфраструктурата, здравството, енергетиката, науката, зацврствување на институциите… ќе овозможи Договорот за стратешко…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?