Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска

Објавено December 14, 2024 17:00
Сподели
NATO Deputy Secretary General Radmila Shekerinska
Сподели

Радмила Шекеринска, според официјалната веб-страница на НАТО, на 2 декември 2024 ја преземала должноста на заменичка генерален секретар на НАТО.

Во нејзината биографија, поставена на истата страница наведени се повеќе пофални моменти од нејзината политичка кариера во Македонија, нејзините заложби за државата да стане дел од НАТО и значајната улога што ја имала за постигнување на Преспанскиот договор, но и за Охридскиот и Пржинскиот договор. Секако, државата од која што доаѓа Шекеринска, во нејзината официјална биографија е именувана според „политичката коректност“ поставена со Преспанскиот договор, односно со географската одредница пред името Македонија, пишува мкд,мк

Во сите пофалби наведени во биографијата на новата заменичка генерален секретар на НАТО, додадено е и нејзиното познавање на јазиците, па се вели дека ги говори – „англискиот и францускиот јазик, како и повеќето јужнословенски јазици“. Но во биографијата на заменичката генерален секретар на НАТО, која доаѓа од Македонија, никаде не е забележано дека го говори мајчиниот – македонски јазик. За разлика од хиперкоректноста на НАТО-администрацијата во употребата на географската одредница пред името Македонија, кога станува збор за именувањето на македонскиот јазик некако се „превидува“ тој член од Преспанскиот договор, со кој се потврдува неговото „легално“ постоење. Дури и самата Шекеринска, како и сите нејзини сопартијци од Македонија како најголема придобивка од Преспанскиот договор секогаш најгласно ги истакнуваа(т) – зачуваниот македонски јазик и идентитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
Следна Статија МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Васко…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија

Пожарникари и инспектори на Град Скопје излегоа на терен по еколошкиот инцидент со излевањето на хемикалии од приватната компанија „Екопор“…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците

„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?