Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Blog

Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген

Објавено December 14, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА.

– Целта е да се задржат производствените капацитети на Фолксваген, да се спречат отпуштањата и да се преземат потребните инвестиции за иднината, вели Хајл во коментар за весникот „Аусбургер Алгемајн“.

Министерот за труд планира да продолжи државната помош што им се исплаќа на компаниите кои се во проблем за да им помогнат да ги задржат вработените до максимум две години, двојно повеќе од претходно.

– Нашата задача како држава е да го помогнеме ова решение со активна економска и индустриска политика, рече Хајл.

Најави дека германската Влада треба да донесе одлука за ова на редовната седница во среда.

Фолксваген се обидува да преговара за намалување на платите за 10% во тековните разговори со синдикатот на ИГ Метал, заедно со намалување на надоместоците и бонусите.

Компанијата се закани дека ќе ги затвори фабриките во Германија и ќе укине десетици илјади работни места.

Хајл инсистираше на тоа дека компанијата сè уште е профитабилна, но додаде дека е потребно решение засновано на партнерство помеѓу менаџментот и синдикатот.

Шефицата на синдикатото на ИГ Метал, Кристијане Бенер, изјави дека е „добро што владата дејствува сега“.

Таа рече дека продолжувањето на државната помош за намалување на работното време заради ублажување на отпуштањата ќе ја зголеми сигурноста на работните места и ќе им помогне на компаниите да ги задржат квалификуваните работници.

Фолксваген влегува во петтата и одлучувачка рунда разговори за платите со ИГ Метал во понеделник во Хановер.

ИГ Метал повика на договор пред Божиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пријавени злоупотреби при исплата на К-15 или регрес за годишен одмор
Следна Статија Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува…

March 11, 2025

Starting on the right foot: Sounders top Rapids in opener – Sounder at Heart

Sounders win 2-0 over Rapids on a rainy night at Lumen Field.

February 25, 2026
Blog

ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра

Европската унија ја казни Мета, која е сопственик на Фејсбук, со 800 милиони евра за, како што рече, „злоупотребливи практики“…

November 15, 2024
Blog

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство не е доволно развиен и ефикасен

Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?