Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради лошиот јавен превоз на Куба, со закон е задолжително земањето автостопери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Поради лошиот јавен превоз на Куба, со закон е задолжително земањето автостопери
ЗАБАВА

Поради лошиот јавен превоз на Куба, со закон е задолжително земањето автостопери

Објавено December 14, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Во Куба автостопувањето е дел од секојдневниот живот и клучен сегмент од националниот транспортен систем.

Благодарение на конкретен закон, државните возила се обврзани да застануваат и да примаат автостопери, додека приватните возачи често примаат патници, понекогаш и за номинална сума. Ова правило важи на сите видови патишта, а автостоперите може да се видат како креваат палци по локалните улици, патишта, па дури и автопати.

Кубанците ја гледаат оваа практика како неопходно решение поради лошо организираниот јавен превоз. Повеќето жители немаат пристап до лични возила, бидејќи повеќето автомобили, автобуси и мотоцикли се во државна сопственост. Само мал број луѓе имаат дозвола за поседување приватни возила, што дополнително ја ограничува можноста за мобилност. Како што велат жителите, „јавниот превоз е очаен, ова е единственото решение“.

Според извештајот на Би-Би-Си, до 2013 година, во Куба можеле да се купуваат и продаваат само автомобили произведени пред Кубанската револуција во 1959 година. Законот кој тогаш беше изменет му овозможи на локалното население да купува нови и користени возила без посебни дозволи. Сепак, голем број автомобили на улиците се сè уште американски и советски модели од 1950-тите, што е резултат на повеќедецениската забрана за увоз.

Екстремната сиромаштија во земјата дополнително ја усложнува ситуацијата, бидејќи според овогодинешниот извештај на Кубанската опсерваторија за човекови права, дури 89 отсто од семејствата во Куба живеат во тешки услови. Затоа автостопот не е само авантура или избор, туку основна потреба за поголемиот дел од населението.

Оваа специфична практика ја прави Куба единствена во светот, каде автостоперите не само што се прифатени, туку и заштитени со закон како дел од секојдневниот транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Босанското „Ливањско сирење“ доби заштитено географско потекло
Следна Статија Студентите во Белград го блокираа сообраќајот, маж удри со комбе во еден од нив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Избрана е најубавата земја во светот за 2025 година

Грција е прогласена за најубава земја во светот во 2025 година, според листата што ја составуваат годишно „Ју-ес-еј Њуз енд…

July 8, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Се вери најпопуларниот јутјубер, Мистер Бист кој лани заработи 85 милиони долари

MrBeast, најпопуларниот јутјубер во светот, се сврши. Тој на Инстаграм откри дека неодамна ја запросил својата девојка Теа Бујсен. „Да,…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Синот на Диди е обвинет дека намамил жена во Лос Анџелес за да биде силувана од татко му

Џастин Комбс, син на музичката ѕвезда Шон Диди Комбс, е обвинет дека наводно намамил жена од Луизијана во Лос Анџелес…

June 27, 2025
ЗАБАВА

Направете ги овие ритуали во очи на новогодишната ноќ за подобра, посреќна и побогата година

Рускиот духовен водач Елена Христафарида открива три интересни ритуали кои ако ги примените во точно определено време во очи на…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?