Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Галичник третa недела отсечен – Жителите без пат, струја и улично осветлување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Галичник третa недела отсечен – Жителите без пат, струја и улично осветлување
МАКЕДОНИЈА

Галичник третa недела отсечен – Жителите без пат, струја и улично осветлување

Објавено December 16, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Во апел на месната заедница Галичник пренесен преку социјалните мрежи се бара овозможување на проодност по локалниот пат од Маврово до селото, кој, како што се наведува, е непрооден три недели и предупредуваат на можни проблеми заради прекинот на снабдување со струја. Од месната заедница апелот го упатуваат до надлежни институции „Македонија пат“, општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за државни патишта.

– Бараме да ни овозможи проодност до Галичник, кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат, кој мора да биде постојано прооден, стои во апелот.

Од месната заедница посочуваат дека во ова мијачко село трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод нема ниту електрична енергија.

– Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник, на кои им е потребен пристап, се наведува во соопштението пренесено преку социјалните мрежи.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три земјотреси почувствувани во Македонија, најсилниот е со јачина од 3,2 степени
Следна Статија Функционер на ДУИ кодошел во МВР за криминалните групи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП).…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

40 минути се чека за излез од Македонија

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила,…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?