Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование
ХРОНИКА

Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование

Објавено December 16, 2024 10:49
Сподели
Сподели

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село.

-Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информира МВР.

Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криминалец се качил на дрво како Тарзан ѝ бегал од полицијата, го спасувала пожарна
Следна Статија Ковачевски под истрага за вмешаност во криминалите со Лотарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец ја нападнал својата 68-годишна мајка

На 22.09.2025 во 00:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода…

September 22, 2025
ХРОНИКА

Вечерва голема полициска акција – апсења во струмичко- гевгелискиот регион

Во тек е масовна акција на полициските сили во се случува во струмичко-гевгелиско регион. Акцијата е под водство на Специјализираното…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Братот на член на ДНК ја соопшти најлошата вест: Ѓорѓи е меѓу загинатите во пожарот во Кочани

Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје…

Во вчерашниот ден МВР спроведе акции за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата.…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?