Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во сабота цело Скопје ќе биде без вода поради затворање на главната цевка за да се санира дефект во Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во сабота цело Скопје ќе биде без вода поради затворање на главната цевка за да се санира дефект во Карпош
МАКЕДОНИЈА

Во сабота цело Скопје ќе биде без вода поради затворање на главната цевка за да се санира дефект во Карпош

Објавено December 17, 2024 10:00
Сподели
Сподели

В сабота, 21 декември, ЈП „Водовод и канализација“ ќе го санира дефектот кој се појави на улицата Никола Парапунов во скопски Карпош 4, од каде две недели тече вода по улиците. За да се санира дефектот потребно е да биде исклучена главата водоводна цевка, што значи дека Скопје ќе биде без вода до завршување на санацијата.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека дека станува збор за дефект на затварач Ф700 мм и за него изготвен е сложен оперативен план за санација. Покрај на оваа локација, санација ќе има на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов.

Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф1600 кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф1600мм. Затварање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затварачи, директно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош“, велат од „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека системска промена на 5 децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна заради зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Почеток за реализација на оперативниот план и затварање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата. Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните“, додаваат од „Водовод“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
Следна Статија Интер среде Рим со 6:0 го декласира Лацио (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снежно утро во Скопје (ФОТО)

Скопјани беа пријатно изненадени кога се разбудија утрово и видоа дека паѓа снег. Снегот се уште паѓа иако е мала…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?