Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение

Објавено December 17, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна дека на оваа тема се манипулира дека истиот беше проблем на ВМРО-ДПМНЕ, а реалноста е дека во извештајот на ЕУ се констатира дека истиот е злоупотребен и треба да се замени со нешто функционално.

Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Таа констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот – истакна Мицкоски.

Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните, рече тој.

Тој исто така додаде дека оваа Влада со рамноправната распределба на 250 милиони евра на општините без истите да се двојат врз основа на етничка или политичка припадност како што правела минатата власт, на најдиректен начин покажа дека нејзин приоритет се сите граѓани кои живеат на територија на целата држава.

Нема изјава во којашто не сум кажал дека мој интерес е скоро 26 илјади километри квадратни територија на цела држава и тоа го поткрепувам со дела. Еве како прв човек на Владата тие 250 милиони евра коишто треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица, и во Гостивар и Кичево. И одиме чекор понатаму, не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците, господа градоначалници направете проекти, како вие ќе ги направите така ние ќе ви ги финансираме – подвлече Мицкоски.

Не правевме разлика дали се тоа ДУИ, градоначалници коишто доаѓаат од ВРЕДИ или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Сите добија. Сите коишто дадоа проекти, добија проекти коишто ги финансира оваа држава и ние тоа го покажавме на директен начин, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мудрик позитивен на допинг
Следна Статија Ахмети на кафе во Приштина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор на Македонската филхармонија, што го назначи ресорниот  министер Зоран Љутков, на јавно распишан…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Без минусни температура утрово, максималната ќе се искачи до 17 степени

После студените утра, денеска нема место измерено со минусна температура. Најстудено, невобичаено беше во Гевгелија, каде беа измерени два степени.…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?