Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коњановски: Соларните панели ќе донесат заштеди и подобри услови во училиштата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коњановски: Соларните панели ќе донесат заштеди и подобри услови во училиштата
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Соларните панели ќе донесат заштеди и подобри услови во училиштата

Објавено December 17, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го претстави успешното завршување на проектот „Сончеви училишта“, со кој шест основни училишта во општината добија фотоволтаични соларни централи.

Проектот, реализиран во соработка со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, има за цел не само финансиска заштеда, туку и придонес кон заштита на животната средина. Во училиштата „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ (с. Кукуречани) и „Крсте Петков Мисирков“ (с. Бистрица), поставени се панели кои ќе овозможат користење на обновлива енергија.

„Со реализацијата на овој проект, училиштата и општината ќе имаат директни бенефити од намалените сметки за електрична енергија, а заштедените средства ќе се реинвестираат во проекти за подобрување на условите во образованието“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека проектот има и едукативна компонента – во секое училиште се поставени монитори на кои учениците, наставниците и родителите ќе можат да го следат производството на енергија во реално време. На овој начин, учениците ќе се стекнат со знаења за користењето на обновливите извори на енергија и нивната улога во иднината на зелената економија.

Коњановски се заблагодари на Фондацијата „Отворено општество“ за целосната финансиска поддршка и истакна дека проектот е доказ за посветеноста на општината кон енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Папата откри дека бил цел на бомбаш самоубиец во Ирак: Еве што им се случило
Следна Статија Масовна тепачка во Ѓорче, нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637.471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?