Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шенки Версаче, босот Тоте, убиецот на Оки – кој падна како дел од големата акција на МВР против Беланоца/Барон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Шенки Версаче, босот Тоте, убиецот на Оки – кој падна како дел од големата акција на МВР против Беланоца/Барон
ХРОНИКА

Шенки Версаче, босот Тоте, убиецот на Оки – кој падна како дел од големата акција на МВР против Беланоца/Барон

Објавено December 17, 2024 22:54
Сподели
Сподели

Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши од синоќа се во Шутка како дел од групата Беланоца/Барон, објави „Алфа“. Со разбивањето на криминалниот клан од Арачиново, се откри кој го нарачал филмското убиство во „Шиша бар“ и под чија наредба биле убиени уште шестмина во изминативе четири години.

Сите ликвидации ги извршувал кланот на Фатљум Ајети – Тоте, кој од зад решетки го водел нарко-кателот и ги нарачувал убиствата на противниците. Тој се смета за лидер на криминалната Беланоца, а се собрале докази и дека тие стојат зад повеќе обиди за убиства, за кои МВР, додека го раководеше Спасовски со години бараше осомничени.

Во вчерашната акција за еден ден беа расветлени дури 8 убиства, 3 обиди за ликвидација и безброј случаи на изнуди, закани и рекет, повеќе случаи отколку што реши предходното раководство во текот на последните години од владењето.

Во групата од 18 криминалци, освен Тоте се бројат и Гани Туша и Зулќуфли Нуредини- Мали Репки, кои од Идризово останале водачи на криминалните активности на Беланоца/Барон.

Крајот на ноември, за Гани Туша се отвори истрага во обвинителството како главен осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами Оки на лани во јули на Ханиоти.

Огромни пари се кеширале за крвавите пресметки, од 10 илјади до 250 илјади евра за да се ликвидираат „непосакуваните“ во криминалното подземје. Само во оваа акција им биле пронајдени околу половина милион евра, а од бункерите во Чаир и Арачиново кои ги копала македонската армија освен пари нашле злато и оружје.

Ова нема да е последна акција на МВР за развибавање на скопското криминално подземје, најави Тошковски, а на удар се сите, па дури и најголемите кланови чии членови за прв пат се најдоа зад решетки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел
Следна Статија Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и…

June 23, 2025
ХРОНИКА

Уапсен битолчанец за изнуда

Вчера во 17:25 часот во трговски комплекс на ул.„Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатиот возач на обиколницата Скопје – Тетово

Возач го загуби животот откако вчера попладне излетал со автомобил од обиколницата Скопје – Тетово. Полицијата информира дека несреќата била…

March 4, 2026
ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?