Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
ЗАБАВА

Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата

Објавено December 18, 2024 16:45
Сподели
Сподели

Општина Битола соопшти дека програмата на „Зимска приказна“ е јавно достапна до љубители на новогодишната магија. „Зимска приказна“ трае од 20 декември до 6 јануари и е манифестација која општината ја реализира четврта година по ред, а има за цел да го поттикне културниот туризам и да овозможи прекрасна предновогодишна атмосфера во Битола. Со својата разновидност, програмата е дизајнирана да ги допре сите срца – од најмалите, кои со нетрпение ја очекуваат магијата на зимата, до возрасните, кои ќе уживаат во незаборавни моменти со своите најмили. Битола со ова станува пример како се слави духот на празниците со радост и културна елеганција.

Отворањето е овој петок – 20 декември во 17:30 ч. со Дефилето на Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола, почнувајќи од Офицерскиот дом до Плоштадот „Магнолија“, а ќе следи и отворање на лизгалиштето со настап на ЗГ Танцов спортски клуб „Експоуз“ со „Танцот на снегулките“. Преостанатите денови, Битолчани и сите уживатели ќе уживаат во различни музички настапи и концерти, фестивали, забави, базари, сценски настапи и изведби и сл.

Програмата ја крастат уметници како Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, а и младите претставници на Македонија на „Детска Евровизија 2024“, Ана Ванчовска и Алексеј Ивановски. Покрај нив, во раскошната програма се вклучени разни локални групи од различен уметнички карактер, а оваа програма ќе заврши со испраќањето на Бадниковите Поворки на 6 јануари.

Од општината споделуваат дека покрај своите Битолчани, разновидната програма и предновогодишниот дух би требало да ги привлечат и жителите на околните градови, со што градот ќе се претвори ќе заличи навистинска зимска бајка и центар на новогодишната магија.Секој настан е внимателно осмислен за да донесе топлина и магија на градските улици, трансформирајќи ги во сцени од бајка кои поттикнуваат насмевки, заедништво и радост кај сите посетители.

​Оваа иницијатива е вистинска зимска бајка која ги зближува семејствата и ги радува најмалите со искрена радост и топлина. Општината создава посебна предновогодишна атмосфера каде што љубовта, заедништвото и празничниот дух се во центарот на вниманието. Со активности за сите генерации, ова претставува можност да се споделат убави моменти, да се создадат спомени и да се почувствува магијата на празниците. Манифестацијата зрачи со топлина и го носи предновогодишниот сјај на секое семејство.

​Програмата може да ја најдете на следниот линк: https://online.fliphtml5.com/yaixg/qhnq/. Уживајте во новогодишното расположение!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска
Следна Статија Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Најтесниот стан во Јапонија го шокира светот: Добив напад на клаустрофобија (ВИДЕО)

Минијатурните станбени единици не се невообичаени во Јапонија, благодарение на големата популација и недостигот на земја. Има значителна побарувачка за…

February 12, 2025
ЗАБАВА

Ова се трите хороскопски знаци кои најчесто се наоѓаат на листата на милијардери

Еве што им е заедничко и како се чувствуваат за парите. Тие се комуникативни, амбициозни и за нив нема пречки…

December 9, 2024
ЗАБАВА

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“

Од 11-ти до 13-ти јули живописниот Галичник повторно ќе заживее со звукот на зурлите, тапаните и традицијата - ќе се…

July 4, 2025
ЗАБАВА

Се ожени пратеникот Сергеј Попов, еве ја неговата избраничка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов,  стапи во брак со својата долгогодишна избраничка Моника. Во свечена атмосфера, опкружени со семејството, роднините,…

June 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?