Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично
ХРОНИКА

Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично

Објавено December 18, 2024 18:50
Сподели
Сподели

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари.

Имено, на ден 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршија претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен. При извршениот претрес пронајдени се околу 259 килограми режан тутун. Извршени се и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун.

Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Битола извршен е претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што се пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојче нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче
Следна Статија Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден во провалија, имал тешки повреди

На 02.05.2025 во 19.45 часот во Полициска станица за граница и надзор Старавина било пријавено дека на превојот Слива на…

May 3, 2025
ХРОНИКА

29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор

Вчеравечер Емилија П. од Штип била убиена страна на од нејзиниот сопруг, повратник од затвор. „Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец претепан од сопругата

На 10.10.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, 54-годишен маж од Скопје пријави дека на 09.10.2025 во 21:00 часот во…

October 11, 2025
ХРОНИКА

21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?