Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ја градиме Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Ја градиме Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ја градиме Македонија

Објавено December 19, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Ако пред извесен период слушавме дека се работело, а во позадина структури од претходната политичка гарнитура се обидувала на сметка на грѓаните да се богати, сега тоа непостои и сега навистина се работи, вели во интервјуто за магазинот на Друштво за патишта, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Најголем дел од проектите што ги затекнавме и што беа закочени веќе ги откочивме и со посветена работа дадовме силна динамика на активностите на терен. И резултатите се видливи. Имаме огромни инвестиции во патната мрежа, во железничката инфраструктура, во развој на авиосообраќајот, гасификацијата и мислам дека дадовме силен инпут во развојот на локалната инфраструктура каде директно вложуваме 100 милиони евра во капитални проекти за општините само оваа година.  Нема сомнеж дека сето ова ќе влијае врз економскиот развој на државата. Следната година дополнително планираме да инјектираме уште 250 милиони евра директна помош за општините за реализција на капитални поекти. Имаме програма што ќе донесе нови инвестиции, нови работни места и просперитет, потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој најави завршување на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, од Градско до Дреново, како и пругата од Куманово до Бељаковце. Во интервјуто се осврнува на потребата за модернизација на коридор 10, но и за дозавршување на коридор 8.  

Сметам и убеден сум дека изградбата на брзата пруга на коридор 10 ќе донесе силен инпут во економијата, силен развој на домашните компании, повеќекратни бенефити за граѓаните и целото стопанство. Не сакам да давам кокретни рокови ама брза пруга ќе настојувам да се изгради бидејќи ова не е само наш проект,  ова е регионална иницијатива и мораме да се приклучиме за да обезбедиме брз и ефикасен транспорт до Централна Европа и обратно.  Имав голем број на средби со нашите европски пријатели на оваа тема, на пример на последниот економски форум во Солун ја потенцирав оваа наша иницијатива и наидовме на огромна подршка и сметам дека ова е шанса која не смееме да ја пропуштиме.
Во однос на коридор 8, тој е стратешки за Македонија, за регионот и Европа. Несомнено за да има смисла коридор мора да биде изграден и да има целина, без тоа ја губи својата функција. И токму тоа е што го зборувам цело време дека сите земји заедно мораме да се фокусираме на изградбата на железницата ако сакаме да има функционалност. Во делот на источниот коридор 8 очекувам дека во духот на европските вредности и регионалниот развој ќе најдеме заедничко решение со Бугарија, а веќе имав средба со министерката од Албанија, со која разговаравме за иднината на овој проект и согласни сме дека коридорот 8 треба да го изградиме на ниво на функционален коридор, вели  вицепремиерот Николоски.

Тој во интервјуто посочува дека претходно политиката се вмешала во проектите и поради тоа сите тие покажале слабости.

Стручното мислење се изоставувало во креирање на квалитетни проекти. Ќе се сложам и дека преовладуваат многу нелогични прашања во однос на техничкиот карактер на проектите. Сведоци сме дека политиката премногу била вмешана во проектите и тоа се јавува речиси кај сите големи проекти за што јавно говорам. Недозволиво е да се прави криминал со државни проекти и тоа на сметка на граѓаните. А примерите токму тоа го покажуваат.  Она што е симптоматично одговорност никој не презема. Но тоа што е најважно за мене, за Владата и за граѓаните е да изградиме квалитетни автопати, да изградиме безбедна патна мрежа притоа да ги заштитиме државните интереси, потенцира вицепремиерот Николоски.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Ја подигнав Србија, не ми паѓа на памет да бегам
Следна Статија Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

June 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пет месеци не зеле плата вработените во Инспекторатот за спроведување на Законот за употреба на јазикот

Вкупно 17 вработени од Инспекторатот за употреба на јазиците веќе пет месеци работаат без плати и придонеси. Попладнево се собраа…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата…

January 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?