Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
МАКЕДОНИЈА

Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање

Објавено December 21, 2024 11:10
Сподели
Сподели

Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода, а денеска оттаму со нови препораки во насока за кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена.

Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето на населението може да се јават не само за време на недостатокот на вода туку, дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот, велат од ИЈЗ.

Оттаму, како превентивни јавноздравствени мерки и мерки на внимателност препорачуваат:

– Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата (време потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата), во услови на пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час;

– Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално страни тела (ситни зрнца песок или инсект и сл.). Во таков случај, повторно се препорачува истата да не се пие сè до момент на стабилизација на тие органолептички својства (боја, мирис, вкус, заматеност);

– Непосредно после доаѓањето на водата во водоводните цевки во домовите, потребно е да се испуштат СИТЕ чешми во домот да истечат неколку минути, па да се провери дали органолептичките својства се во ред, па дури потоа да се пие;

– По добро истекување на водата, потребно е почесто и добро да се исчистат мрежичките на чешмите (во средство за чистење бања или бел оцет);

– Како дополнителна мерка на внимателност се препорачува, доколку граѓаните сепак одлучат веднаш да ја пијат водата, истата да се преврие многу кратко (1 -2 минути), потоа да се разлади и консумира;

– Граѓаните треба да имаат предвид дека превриената вода го губи благопријатниот вкус. Истиот може да се подобри доколку водата се претура од една во друга чаша неколку пати, со цел да врзе повеќе кислород од воздухот (процес наречен аерација);

– Најдобро е во текот на првите часови после пуштањето на водата во водоводната мрежа, граѓаните сè уште да консумираат пакувана вода, сè до добивањето на известување од јавното претпријатие дека водата е исправна и безбедна за консумација;

– Во однос на водата за капење, препорачуваме после доаѓањето на водата во водоводната мрежа, задолжително да се зголеми температурата на водата во бојлерите (во кујна, бања и сл.), со цел дополнително превентивно термичко уништување на бактериите доколку потенцијално навлегле во водоводната мрежата;

– Најдобро е температурата на топлата вода во чешмите да биде над 55 0С, сепак потребна е мерка на внимателност да не дојде до изгореници особено кај мали деца или повозрасни лица.

НАЈВАЖНО од сè е да се почитуваат препораките објавени од Институтот за јавно здравје и другите релевантни институции вклучени во процесот, објавени на нивните веб страни или преку другите средства и платформи за информирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург, Шолц ќе го посети местото
Следна Статија Обвинителството ја истражува смртта на професорот Сашо Кожухаров кој беше пронајден кај Црна Река

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Верниците денес го слават вториот ден од Велигден

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Бидејќи Велигден се слави три дена, Велигденскиот понеделник или наречен…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава

Аргументирано можеме да тврдиме дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква “вештачка конструкција“, туку…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?