Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штетни состојки во Дубаи чоколадото, откриени во Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Штетни состојки во Дубаи чоколадото, откриени во Германија
ЗАБАВА

Штетни состојки во Дубаи чоколадото, откриени во Германија

Објавено December 21, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Во примероците на таканаречената Дубаи чоколадо, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измами до опасности по здравјето, во првтие испитувања на дубаиската чоколада од увоз е пронајдено речиси сѐ“, рече министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг, Петер Хаук.

Во сите осум испитувања што ги испитувало покраинското Биро за хемиски и ветеринарни истражувања, беа пронајдени загадувања, алергени, вештачки бои и маснотија која нее како путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадата.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и нѐ поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.

Кај испитуваните Дубаи чоколада станува збор за производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и од Турција.

Во некои чоколада е пронајден сусам, иако не бил деклариран на амбалажата, а во некои и палмино масло, коешто, исто така, не било декларирано како состојка во чоколадата.

Според анализата, чоколадата од Обединетите Арапски Емирати била контаминирана во текот на процесот на производство до таа мера што е непогодна за човечка исхрана.

Кај сите чоколада е пронајдено зголемено количество вештачки бои кои „сугерираат поголем процент на квалитетни состојки од вистинските“, односно кремот од ф’стаци.

Дубаи чоколадата е голем хит во Германија последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божикните базари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо: Зеленски ми понуди 500 милиони евра за поддршка на Украина во НАТО
Следна Статија Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Робот за прв пат диригираше со симфониски оркестар

Под диригентство на робот во неделата настапија музичарите на симфонискиот оркестар на Дрезден. Роботот диригираше со помош на три зглобни…

October 16, 2024
ЗАБАВА

(ФОТО) Иванка Трамп во центар на вниманието на свадбата на Безос, сите зборуваат за фустанот

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, се појави на долгоочекуваната свадба на нејзините пријатели Лорен Санчез и Џеф…

June 27, 2025
ЗАБАВА

До крајот на јуни два знака добро ќе се опарат

Според астролозите, двата хороскопски знаци до крајот на месецот ќе добијат многу пари, без разлика дали се работи за наследство,…

June 21, 2025
ЗАБАВА

Италијански град нуди одмор за 1 евро, рокот за пријавување е до утре

Аукцијата на куќи за 1 евро стана вообичаен начин за зголемување на населението во напуштените италијански села. Сега еден град…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?