Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот

Објавено December 22, 2024 09:32
Сподели
Сподели

Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и замрзнувањето на цените за „новогодишната кошничка“ главно ја имаат поддршката на македонските граѓани. За работата во првите пет месеци на Владата и на премиерот граѓаните дадоа позитивна оценка. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

Ова истражување покажа дека мала е разликата во ставот на граѓаните во однос на тоа во која насока се движат работите во Македонија – 35,6 отсто од испитаниците сметаат дека таа насока е правилна, а за 34,3 отсто од нив – погрешна.

Наспроти ова, македонските граѓани, според ова истражување, се задоволни од работата на Владата во изминатите пет месеци – вкупно 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

Позитивна оценка доби и работата на премиерот Христијан Мицкоски – 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од неговата досегашна работа.

И за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став.

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства
Следна Статија Денеска е Зачнување на св. Ана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со емотивен статус му го честиташе роденденот и именденот на својот син Антониј

Премиерот Христијан Мицкокси, со емотивен Фејсбук статус му го честиташе именденот на својот син Антониј. -За именденот на постариот син…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Jанкуловска: Во мојот случај еден период беше борба на живот или смрт во буквална смисла на зборот

Овој чекор на ЕСЧП како дел од процесот низ кој очекувам да се констатира повреда на членот 6 од Европската…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?