Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
СВЕТ

Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море

Објавено December 22, 2024 17:59
Сподели
Сподели

Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата.

Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата, а еден се здобил со полесни повреди во инцидентот.

Инцидентот се случил додека американската војска извршила воздушни напади врз јеменските бунтовници Хути. Централната команда на американската армија не прецизираше која била мисијата на пилотите во тоа време.

-Крстосувачот со наведувана ракета Гетисбург, кој е дел од борбената група за удари што го придружува носачот на авиони Хари Труман, по грешка испука и го погоди F/A-18 при полетувањето од носачот“, се вели во соопштението на Централната команда. На 15 декември, беше откриено дека Хари Труман влегол на Блискиот Исток, но не прецизираше дека носачот на авиони и неговата борбена група се наоѓаат во Црвеното Море.

Останува нејасно како Гетисбург го помешал F/A-18 за непријателски авион или проектил, особено затоа што бродовите во борбената група остануваат поврзани и со радар и со радио комуникација. Сепак, Централната команда соопшти дека воени бродови и авиони претходно собориле голем број беспилотни летала на Хутите и противбродска крстосувачка ракета истрелана од бунтовниците.

Синоќа и рано утринава, американски воени авиони извршија воздушни напади кои ја потресоа Сана, главниот град на Јемен, кој Хутите го контролираат од 2014 година. Централната команда ги опиша нападите како цели на „објект за складирање проектили“ и „команден и контролен објект“, без да наведе детали.

Медиумите под контрола на Хутите објавија дека има напади и во Сана и околу пристанишниот град Ходеида, без да дадат информации за жртви или материјална штета. Во Сана, ударите се чини дека се особено насочени кон планината каде што се наоѓаат воените инсталации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс
Следна Статија Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени

Бројот на загинати се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера влета во толпа луѓе…

December 21, 2024
СВЕТ

„Мозокот“ на терористичките напади на 11 септември 2001 наскоро на слобода, Американците згрозени

Харун Асват (50), кој ја призна својата вмешаност во нападите на 11 септември во САД и бомбашките напади во Лондон…

August 2, 2025
СВЕТ

Бајден превентивно ги помилува и неговите двајца браќа и сестра му со семејствата

Претседателот Џо Бајден денеска издаде превентивно помилување за неговите браќа Џејмс и Френк, заедно со неговата сестра Валери, и нивните…

January 20, 2025
СВЕТ

Вештачката интелигенција помешала чипс со оружје, тешко вооружена полиција опколи ученик во САД

Систем за детекција на оружје базиран на вештачка интелигенција инсталиран во средно училиште во округот Балтимор погрешно идентификувал кеса со…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?