Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари
МАКЕДОНИЈА

Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари

Објавено December 23, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Македонија, вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава.    

– Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји постојат блиски односи кои се рефлектираат и во самата економска соработка. Кога сме кај билатералниот трговски обем помеѓу нашите две земји, трговскиот обем се движи приближно до една милијарда долари и сметаме дека е недоволно. Сметаме дека билатералниот обрт од две милијарди долари е реална цел која може да се достигне и знам дека и кај двете страни има волја да се развива обостраната трговија. Знаеме дека во земјава има голем број турски инвеститори кои според моите познавања и информации кои ги имам нудат вработување за над 10.000 граѓани на оваа земја, истакна Куртулмуш.

Турските компании, додава тој, се присутни и во инфраструктурните проекти, но го нагласува и фактот дека во октомври во земјава е отворена регионална канцеларија на компанијата од одбранбената индустрија „Аселсан“. 

– Секако дека во оваа прилика би сакал да го поттцртам фактот дека во одбранбената индустрија имаме развој на билатералната соработка, фактот дека турската државна компанија од одбранбената индустрија „Аселсан“ отвори канцеларија во Скопје, која не е одговорна само за Северна Македонија туку и за целиот балкански регион. Мислам дека е многу значајна во насока на продлабочување на нашата соработка, рече претседателот на турскиот Парламент. 

Во однос на соработката во туризмот, вели Куртулмуш, Македонија има исклучително место за турските туристи особено Скопје и многу други градови, кои како што посочи, се многу слични како старите османлиски градови како Бурса, Маниса и Амасија.

– Земјата и градот имаат огромни историски и културни богатства и со тоа земјата и градот стануваат туристичка атракција која привлекува се поголем број на туристи. Сметам дека билатералната економска соработка ќе продолжи да се развива и во иднина, истакна претседател на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавни собири: Имаше 2-3 пати повеќе
Следна Статија Митревски: Со нетрпение го чекаме да започне СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци

Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија. Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Беше истакната потребата да се работи на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест на Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата излезе на протест за повисоки плати. Со транспаренти и свирчиња побараа основната плата за пресметка да…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?