Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…

Објавено December 23, 2024 12:40
Сподели
Сподели

„75 години Македонски код“ беше насловот на завршниот јубилеен концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, што се одржа вчеравечер во Националната опера и балет. Ова патување низ македонската фолклорна традиција е кулминација на серијата јубилејни концерти што Ансамблот ги одржа низ годината, славејќи ја македонската култура и традиција.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, честитајќи им го јубилејот на сите вработени во Ансамблот, им се заблагодари за нивниот придонес во градењето на реномето на оваа институција, која е национален бренд и е гордост на македонската култура.

Низ својата културна мисија низ децениите, „Танец“, кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ. Изведувајќи ги „Тешкото“, „Невестинското“, „Комитското“ и другите македонски фолклорни бисери на многубројните настапи на концертни сцени во светот, „Танец“ одигра историска мисија, покажа и докажа дека Македонија со својата богата етнокореолошка традиција зазема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура со целиот свет – рече Љутков.

Тој изрази уверување дека и во иднина „Танец“ ќе биде врвен промотор на Македонија, преку кој, како што рече, ќе ја прославуваме македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…

Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје и веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската култура и традиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКАНДАЛ: Македонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно
Следна Статија МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор

Казна затвор за поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ одреди Основниот суд во Свети Николе. Според пресудата…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?