Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?
МАКЕДОНИЈА

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

Објавено December 25, 2024 09:19
Сподели
Сподели

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, во месноста Хамалај, позната по прекрасни песочни плажи и приватност.

Информациите во медиумите за локацијата на Груби протече од членови на Владата и одредени институции кои имаат неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско море.

Претходно, вицепремиерот Изет Меџити, во интервју за албанската „Ора њуз“ рече дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

„Со бегството тој ја докажа вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре, тој еден ден ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“ повикувајќи се на полициски извори и извори од владата.

За поранешниот вицепремиер Груби, кој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не сака да шпекулира дали побегнал во Албанија или во Косово.

„Факт е дека не бил „чист како солза“, бидејќи ако бил, немало потреба да биде бегалец од правдата – ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“, рече Мицкоски, кој смета дека тој не е политички бегалец, туку бегалец од правдата и затоа очекува да не добие азил во странство.

Груби, на 15 декември, замина од Македонија преку граничниот премин „Блаце“ за Косово. Иако беше ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител, беше пропушен од полициијата. Тој беше во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику. Внатрешната контрола при МВР утврди дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Од СДСМ обвинија дека, ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби да избега и атоа сметаат дека одговорноста за бегството е целосно кај нив и МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари
Следна Статија Галевски: Мундијалот за сите нас во тимот претставува мотив плус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на „ОМНИБУС“: Високи 52% од граѓаните мислат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата од Владата на СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемире во економијата во споредба со претходната Влада на СДСМ покажува најновата анкета…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55 лица, во Македонија се лекуваат 10

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство, во моментот…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија

Во најновиот извештај на Стејт департментот на САД за човековите права за 2024 година се наведува дека во Македонија не…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?