Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија
ХРОНИКА

Од затвор телефонски измамил угостители во Гевгелија

Објавено December 25, 2024 20:40
Сподели
Сподели

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.

Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.

Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е човекот кој личи на принцот Хари на кралскиот божиќен концерт? Сличноста е неверојатна
Следна Статија Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Интервенција на велешките пожарникари спаси куќа од целосен пожар

„Во Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 05:47 била примена дојава за запалена куќа на ул. „Ганчо Хаџи Панзов“ бр.…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре,…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Тешка сообраќајна несреќа во Визбегово, 20-годишник удрил во велешанец

Педесет и четиригодишен пешак од Велес се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило во скопското…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?