Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“
СВЕТ

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Објавено December 26, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на американско оружје и муниција за Украина, по руските напади врз клучната украинска енергетска инфраструктура, соопшти денеска Белата куќа.

Во изјавата Бајден оцени дека целта на рускиот напад во средата е да се спречи украинскиот народ да користи електрична енергија и да пристапи до загреани простории во текот на зимата.

„Дозволете ми да бидам јасен: украинскиот народ заслужува да живее во мир и безбедност, а САД и меѓународната заедница мора да продолжат да стојат покрај Украина додека таа не триумфира над руската агресија“, рече американскиот претседател.

Тој истакна дека САД испратиле стотици пакети за противвоздушна одбрана во Украина во последните месеци, што ќе продолжат да го прават, со цел да ја зајакнат позицијата на Киев во борбата против Русија, се додава во соопштението.

Најмалку три лица беа ранети во руските напади во средата, а украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изјави дека Русија „масовно го нападнала енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Русија ги интензивираше нападите врз енергетскиот сектор на Украина од пролетта и оштети речиси половина од производствениот капацитет на Украина, често предизвикувајќи повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира
Следна Статија Пазарните инспектори се на терен и ги проверуваат цените во маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот

Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац. Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици,…

June 10, 2025
СВЕТ

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51,…

July 6, 2025
СВЕТ

Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека…

November 22, 2024
СВЕТ

Ел Менчо падна поради жена

Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулис  била во врска со нарко-босот Ел Менчо.Таа последна била видена во друштво на Немесио Осегера Сервантес,…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?