Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

Објавено December 26, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

Како што нагласи гувернерката, и покрај бројните предизвици Народната банка преку своите мерки успеа да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото. Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочи дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека тоа се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години, во услови на значително постабилен платен биланс особено трговската сметка, дознаките, како и солидните странски инвестиции.

Во однос на инфлацијата, гувернерката истакна дека по просечната инфлација од 9,4% минатата година, таа во првите десет месеци од оваа година изнесува 3,4% и дека се очекува натамошно постепено забавување и следната година. Сепак, гувернерката посочува и на одредени ризици. „Важно е да се истакне дека цените на примарните производи се под значително влијание на геополитичките случувања, а тој дел сѐ уште е ранлив, постои голема неизвесност и потребно е големо внимание. Дополнителни извори на ризици се секако домашните фактори, особено пазарот на трудот, на кој треба да му обрнеме особено внимание за да не се соочиме со нови бранови на инфлациски движења“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласува дека поставеноста на монетарната политика и во иднина ќе биде условена од инфлацијата и девизниот пазар. „Доколку се задржат поволните трендови, без остварување на некои поголеми надворешни и домашни шокови, тоа секако ќе остави простор за натамошно олабавување на монетарната политика“, истакнува гувернерката Ангеловска-Бежоска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брнабиќ: Хрватската книга за протести е дел од Шарената револуција
Следна Статија АФД сака Германија да излезе од ЕУ: По Брегзит следи ДЕгзит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните…

May 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

По отпуштањето во Министерството за правда, Вашингтон е широко отворен за спојувања

Популизмот на кампањата на Трамп изгуби битка со базичниот либерален републиканизам. Дали тоа воопшто беше реално?

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?