Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АФД сака Германија да излезе од ЕУ: По Брегзит следи ДЕгзит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > АФД сака Германија да излезе од ЕУ: По Брегзит следи ДЕгзит
СВЕТ

АФД сака Германија да излезе од ЕУ: По Брегзит следи ДЕгзит

Објавено December 26, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) се залага за референдум за напуштање на ЕУ, пишува „Дојче Веле“

Дојче веле наведува дека во партиската програма на АфД, за која ќе се расправа во јануари, на прво место е политиката против миграцијата и имиграцијата.

Но, важна е и реченицата: „Сметаме дека е неопходно Германија да ја напушти Европската унија и да формира нова Европска заедница“.

Таа „заедница“ би била нешто како „Европа на различни нации“ која би имала само заеднички пазар и би претставувала „заеднички економски и политички интереси“. АфД не сака ни да ја задржи заедничката валута, еврото.

Предвремените избори се во февруари. Иако АфД нема шанси да дојде до власт, во моментов се предвидува дека таа десничарска партија ќе заземе силно второ место со близу дваесет проценти од гласовите.

Едно од нејзините барања е граѓаните на Германија да се изјаснат за членство во Европската унија. Всушност, Германците никогаш немаа можност да се изјаснат за ова на референдум.

Незадоволството кон заедничката валута и Европската унија е стара приказна меѓу поддржувачите на АфД и беше особено гласна за време на должничката криза на Грција и другите јужноевропски земји.

Но, и раководството на АфД е свесно дека членството во ЕУ е важно за германските граѓани – според истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“, дури 87 отсто од Германците на референдум би гласале за останување во Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период
Следна Статија Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непrecedenten политички фонд на Доналд Трамп станува уште поголем во 2025 година

Финансиските извештаи откриваат детали за неспоредливата политичка кампања за собирање средства на претседателот

February 2, 2026
СВЕТ

(Видео) Би-би-си: Генијалниот украински напад со беспилотни летала испраќа клучна порака до Русија – и Западот

Тешко е да се замисли нивото на дрскост – или досетливост – потребно за целосен напад на Украина врз руските…

June 2, 2025
СВЕТ

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба, станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се…

October 29, 2025
СВЕТ

Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите во разорните пожари што со денови беснеат во Лос Анџелес, додека повеќе од 10.000…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?