Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење
ХРОНИКА

Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење

Објавено December 27, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за напад на полициски службеници во Битола. На предлог од надлежен јавен обвинител, на двајцата им е определен притвор во траење од осум дена.

Осомничените, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со ножеви им се заканиле на двајца полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола.

Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести
Следна Статија Се огласи ОЈО: Ќе истражува кој го следел Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе

На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Во семеен дом во скопски Центар пронајден починат маж

На 21.03.2026 во 14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето…

March 22, 2026
ХРОНИКА

За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…

Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место,…

March 27, 2025
ХРОНИКА

Син се заканувал на мајка си во банка во Неготино, па нападнал и полицајци

Син ѝсе заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?