Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Објавено December 28, 2024 09:50
Сподели
Сподели

Собранието вчера ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните.

Поддршка од пратениците добија и неколку зкаони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Законот за изменување на Законот за музеите, Законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

На седницата беа усвоени и Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за Националната рамка на квалификации, Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, Законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Законот за изменување на Законот за административните такси, Законот за изменување на Законот за даночна постапка, Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за изменување на Законот за трансформација во редовен работен однос, Законот за изменување на Законот за државната ревизија, Закон за изменување на Законот за хартии од вредност, Законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи, како и Законот за изменување на Царинскиот закон.

Зелено светло“ добија и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај ЕУ по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, по скратена постапка -Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги и Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги.

Донесени беа и Законот за изменување на Законот за данок на моторни возила, Законот за изменување на Законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, Законот за изменување на Законот за царинската управа, Законот за изменување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, Законот за изменување на Законот за управување со отпад, Законот за изменување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, Законот за изменување на Законот за генетски модифицирани организми, Закон за изменување на Законот за водите, Законот за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за изменување на Законот за заштита на природата, Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Законот за изменување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за изменување и дополнување на Законот за општа безбедност на производите, Законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, Законот за изменување на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор
Следна Статија Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер ,,Уста” (ВИДЕО)

Новинарот и водител на ,,Шоуто со Богдан Илиевски” познат и како  Бетмен Велит му ја затна муцката на бугарскиот рапер…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk

Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk. Министерството за внатрешни работи продолжува…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Jане Сандански го почнал Илинденско востание на Крстовден

Во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание траело десетина дена, колку што траела и Крушевската…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?