Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика

Објавено December 28, 2024 18:20
Сподели
Сподели

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови.

На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка.

И тоа не беше сè!

Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што уште еднаш потврди колку е голема поврзаноста меѓу неа и публиката, како и значењето на музиката што се создавала сите овие години наназад, сè до денес.

Пред големите подготовки за нејзината регионална турнеја, таа реши годинава да ја заврши со уште едно изненадување за публиката.

Го реализира и седмиот видеозапис за песната „Дај, дај ми дај“ од новиот албум, во соработка со Мелем продукција.

За оваа пригода, Калиопи изјави:

„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната “Дај, дај ми дај” нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил имигрант без пари: Илон Маск откри по кого компанијата Тесла го добила името!
Следна Статија Јован Деспотовски остана без пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Куќата од серијата „Брејкинг бед“ се продава за 4 милиони долари

За четири милиони долари се продава куќа од серијата „Брејкинг бед“. Станува збор за куќата, која во серијата е дом…

January 6, 2025
ЗАБАВА

Дуа Липа доби државјанство од Косовската претседателка

Косовската претседателка Вјоса Османи ја пречека светски познатата поп-ѕвезда Дуа Липа во Приштина, при што, со претседателски указ, ѝ додели…

August 1, 2025
ЗАБАВА

(Фото) Адријана Лима, речиси гола, „пука“ од сексапил на ревијата на „Викторија сикрет“

Брендот „Викторија сикрет“ повторно е во центарот на вниманието по модната ревија во Њујорк на која учествуваа голем број големи…

October 17, 2025
ЗАБАВА

Претседателот на Нинтендо останува воздржан за можни зголемувања на цените

Но, моменталните цени на мемориите не се непосредна загриженост

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?