Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија, уапсени 10 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија, уапсени 10 лица
ХРОНИКА

Со лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија, уапсени 10 лица

Објавено December 29, 2024 15:40
Сподели
Сподели

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против десет лица за криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Од Обвинителството соопштија дека лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

„Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници“, велат од Обвинителството.

Меѓу осомничените се и две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.

Еден од осомничените е државјанин на Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници, меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди
Следна Статија Коцевски: Од ЈО не протекуваат информации до криминалци за истраги кои се водат против нив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Погребан херојот Илчо: Кобниот ден 11 пати возел од Кочани до Скопје, 32 часа им помагал на повредените

Вчера беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка во кафеана во Карпош, причина плаќањето на сметката

Тројца скопјани и еден кривопаланчанец се степале пред угостителски објект во Карпош. Причината била сметката во кафеана.  На 26.11.2024 околу…

November 27, 2024
ХРОНИКА

Пет тони марихуана од Македонија запленети во Србија, тројца се во притвор

Иван Драгниќ, еден од четворицата сопственици на Друштвото за производство, промет, трговија и услуги „Алфафарм“, е притворен по големата акција…

February 1, 2026
ХРОНИКА

Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?