Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме
ЕКОНОМИЈА

Околу 70 илјади работници во Македонија не ја земале ноемвриската плата навреме

Објавено December 30, 2024 12:40
Сподели
Сподели

13 отсто од вработените во Македонија, или околу 70.000 работници на 16 декември не ја земале ноемвриската плата, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Во однос на бруто – плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица. Значи 49,911 или 71% од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица во законскиот рок до 16 декември.

Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците.“, велат од УЈП.

87% од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено. Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците, велат од УЈП.

Исто така, солидна е состојбата и во однос на ДДВ за ноември. Се посочува дека 98,7 отсто од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави. Конкретно, од 7.284 даночни обврзници, 4.025 пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска да уплатат 3.399.369.827 денари или над 55 милиони евра. Поголемиот дел од сите нив – 2.811 (70%) го запазиле рокот за плаќање, а уплатата изнесува 2.652.711.966 денари (43,1 милион евра). Тоа претставува 78 проценти од вкупно пријавениот долг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден го прогласи 9 јануари за ден на жалост во САД за Џими Картер
Следна Статија Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат

Американски апелациски суд пресуди дека поголемиот дел од царините што неодамна ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп, се незаконски.…

August 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените шест нови авионски линии, изјави дека треба да сме среќни што…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?