Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бошевска: Финансиската писменост е на многу ниско ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Бошевска: Финансиската писменост е на многу ниско ниво
Blog

Бошевска: Финансиската писменост е на многу ниско ниво

Објавено December 30, 2024 18:40
Сподели
Сподели

„ЕОС матрикс“ ја претстави иновативната апликација „My EOS“. Оваа нова дигитална алатка овозможува корисниците да управуваат со својата финансиска состојба на лесен, достапен и сигурен начин, велат од компанијата која откупува побарувања.

Финансиската писменост на голем дел од граѓаните е многу ниска. Некои воопшто не се свесни какво задолжување направиле, порачува Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ за Македонија. Ова е единствената компанија што откупува побарувања, главно од банките, но и од Телеком, осигурителни компании, како и од две микрофинансиски институции што даваат брзи кредити.


– Нашиот обемот на работа се зголемува, тоа значи дека имаме повеќе отстапени побарувања. Тоа е подобра шанса за тие што должат. Барем престануваат да им течат трошоците, затезната камата. Но, наплатата не е на задоволително ниво. Најлесно е со наплатата на побарувања преземени од банки, а најтешки за соработка се клиентите од микрофинансиските институции. Таму приказната има две страни. На пример, должникот ќе каже, па јас земав 1.000 евра кредит, како сега станал 2.000? Ние вршиме наплата на долгот каков што сме го преземале, а таму пишува дека е 2.000 – вели Бошевска. Таа посочува дека регулативата во Европската Унија е поинаква за микрофинасиските друштва и смета дека и ние треба да ја усогласиме.

– Ние нудиме решенија како да се затворат долговите. Во таа насока развивме платформа „Мој ЕОС“, на која може да влезат сите оние што имаат некој долг преземен од нас. Но, и ако не влезат, тоа е знак дека немаат таков долг. Со влезот, пак, може да направат план за враќање на долгот и да ги следат отплатите – посочи директорката на денешнаат промоција на Платформата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Очекуваме постабилен економски амбиент во 2025 година
Следна Статија Надворешниот долг на Македонија во третиот квартал е 4, 4 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Од Лондон до Њујорк со ракетата на Маск за само 30 минути

Сопственикот на платформата Х, Илон Маск, ја коментираше објавата на еден корисник, во која стави до знаење како би можел…

November 14, 2024
Blog

Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека склучила „дефинитивен договор“ со американската групација Капри Холдингс за 100% преземање на легендарниот…

April 10, 2025
Blog

Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се усвојуваа документ важен за иднината на државата – „Стратегија Македонија 2030“, новата партиска парадигма…

December 6, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Риби – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Вашата енергија денеска поддржува внатрешна трансформација и нови почетоци, а вашиот сонлив, сочувствителен, интуитивен,…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?