Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател
СВЕТ

По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател

Објавено December 30, 2024 23:15
Сподели
Сподели

Според последните информации, пет лица се обвинети во врска со смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, а меѓу нив е и неговиот близок пријател Рохелио Норес.

Според аргентинското Државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и Норес се обвинети за убиство од небрежност, а пак, вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога. Според наводите, Судот наредил двајца од петтемина обвинети да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават на Суд во рок од 24 часа.

Пред неколку дена аргентинската полиција ѝ испратила покана за сослушување и на неговата девојка Кејт Кесиди, која не е осомничена, но се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации.

За потсетување, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство, наведувајќи дека најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот „Касасур Палермо“ во Буенос Аирес на 16 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туширањето со премногу топла вода е непотребно, особено за лицето
Следна Статија Клучните германски политичари го споредуваат Илон Маск со Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира спроведувањето на федералниот закон за ТикТок…

December 28, 2024
СВЕТ

Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да се приклучи на евентуалната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, која…

May 12, 2025
СВЕТ

Спречен бомбашки напад на концертот на Лејди Гага, присуствуваа 2,1 милион луѓе

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.…

May 4, 2025
СВЕТ

За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти

По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на почетокот на неделата, бидејќи инвеститорите проценуваат…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?