Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Во 2025 сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет

Објавено December 31, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со видео-обраќање им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.

Во обраќањето Тошковски посочува дека во текот на изминатата 2024-та, уште од првиот ден од преземањето на одговорноста, максимално посветено, професионално и транспарентно се ангажирал во решавањето на затекнатите ситуации и заедно се постигнати значајни успеси.

-Ги идентификувавме пропустите и веднаш презедовме мерки со кои ја вративме довербата на граѓаните. Нема повеќе нарушување на достоинството на никого, на ниеден граѓанин. Во таа насока, секојдневно продолжуваме со унапредување и модернизација на услугите и процесите со цел креирање побрзи и поефикасни решенија и услуги за сите македонски граѓани. Затоа вложуваме и посветено градиме полиција која ќе биде модерна, опремена, обучена и спремна да одговори на сите предизвици. Безбедноста и достоинството на граѓаните се наш најважен приоритет, вели тој.

Тошковски нагласува дека завршило времето кога неправдата и криминалот остануваа неказнети.

-Заврши времето на „како досега“, кога неправдата и криминалот остануваа неказнети и ве уверувам дека никој во иднина нема да го краде македонскиот народ без притоа да одговара пред истиот. Верувам дека делата и бројките што ги остваривме сами говорат за нашата одлучност во борбата со криминалот и корупцијата кои го разоруваат општеството и ја нарушуваат благосостојбата на граѓаните. Нашата порака е јасна. Секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата, а секој еден украден денар ќе биде вратен во буџетот на граѓаните, вели тој.

Во новата 2025 година, посочува Тошковски, на прагот на новите надежи и новите цели, искрено посакувам сите заедно посветено да работиме на обезбедување на мир, стабилност и просперитет.

-Да изградиме систем кој ќе гарантира поголема сигурност, правичност и транспарентност за секој граѓанин да се чувствува вреден и заштитен. И можеби најважно од се, да почнеме да ги почитуваме и имплементираме цивилизациските вредности кон кои се стремиме. Да продолжиме да бидеме горди на нашето културно и историско наследство, македонската култура, македонскиот јазик и сите обележја на македонскиот идентитет со кој се прикажуваме пред големото европско семејство и пред целиот свет. Само така, почитувајќи ги и прифаќајќи ги сите различности, едни на други ќе овозможиме напредок и благосостојба на сегашните, но и идните генерации. Драги македонски граѓани, драги Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и сите граѓани на нашата Македонија, убаво да ги поминете новогодишните празници и од срце ви посакувам мир, здравје и благосостојба на вас и вашите најблиски. Нека ви е среќна нова 2025 година!, вели во честитката минитсерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што ќе биде со сестрата на Коста Кецмановиќ?
Следна Статија Направете ги овие ритуали во очи на новогодишната ноќ за подобра, посреќна и побогата година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Уставиот суд на средба со претседателот на Уставниот суд на Србија

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот…

March 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова заигра на приемот по повод Денот на независноста на САД

Приемот по повод 4 јули и 250 годишнината од американската независност во амбасадата на САД помина синоќа помина со разговори…

July 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против поранешниот министер Оливер Спасовски

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП).…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер со порака до Филипче: Не мислам дека со темата мигранти прави услуга на граѓаните

Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?