Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
ЗАБАВА

Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет

Објавено December 31, 2024 18:40
Сподели
Сподели

На 11 и 13 јануари 2025, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот Василица. Годинава се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Традицијата ќе продолжи и годинава, па така, нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, ќе настапат гостите од Шпанија Ирене Палазон, сопранистка, и Хозе Луис Сола, тенор, заедно со оркестарот на Националната опера и балет – велат од НОБ.

Ирене Палазон, сопранистка од Шпанија, позната по својата изразена вокална техника, има кариера што вклучува настапи на водечки оперски сцени во Европа и е препознатлива по својот чист тон, техничка прецизност и емотивна изведба. Палазон е позната по своите улоги во оперите како „Травијата“, „Кармен“ и други класични и современи дела. Со време, таа го изградила своето име како една од водечките шпански сопранистки, со настапи во некои од најпознатите театри во Шпанија и пошироко.

Хосе Луис Сола е познат шпански тенор, кој своето музичко образование го започнува во Детскиот хор во Навара, а потоа продолжува со усовршување на техниката на пеење под менторство на познатиот тенор Рикардо Висус. Неговата кариера вклучува настапи во различни оперски и симфониски дела, а тој се истакнува со својата разновидност во класичниот и оперски репертоар, со посебен фокус на дела од Моцарт, Доницети, Верди, Бизе, Гуно и други. Сола има настапувано на престижни сцени и со различни оркестри, освојувајќи признанија за своите моќни и емоционални изведби. Познат е и по своите настапи во светот на сакралната и хорската музика, што го збогатува неговиот опус.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНТ одбележува 80 години во јануари
Следна Статија Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Новак на имотот во Војводина засади од оваа билка, еден корен е 150 денари

Тенисерот Новак Ѓоковиќ изгради замок во селото Павловци во ВојводинаНеговата оаза на мирот се наоѓа во живописното село Павловци, на…

October 30, 2024
ЗАБАВА

Венера влезе во Рак, големи љубовни магии за овие три хороскопски знаци

Во четврток, на 31 јули, Венера влезе во Рак, па затоа се очекуваат бројни настани на полето на љубовта и…

July 31, 2025
ЗАБАВА

Видео: Камала Харис пие пиво во ТВ емисија

Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првата претседателка во Белата куќа во…

October 9, 2024
ЗАБАВА

Мартинките предвесник на пролетта

Денеска е 1 март – денот кога на рацете, околу вратот или на облеката се појавуваат црвено-белите плетенки познати како…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?