Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина ја прекина испораката на руски гас во ЕУ: „Ова е историски настан“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина ја прекина испораката на руски гас во ЕУ: „Ова е историски настан“
СВЕТ

Украина ја прекина испораката на руски гас во ЕУ: „Ова е историски настан“

Објавено January 1, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот наутро по московско време, бидејќи истече договорот за транзит.

Украина соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради
„националната безбедност“.

„Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан“, изјави министерот за енергетика Герман Галушченко. Изјавата на киевското Министерство за енергетика уследи по истекот на петгодишниот договор меѓу Гаспром и украински Нафтогас.

„Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас“, рече тој.

Затворањето на најстарата руска рута за гас за Европа стави крај на една деценија на тензични односи предизвикани од руското заземање на Крим во 2014 година. Украина престана да купува руски гас следната година. Запирањето на протокот на гас се очекуваше поради војната, која започна во февруари 2022 година. Украина беше категорична дека нема да го продолжи договорот. Транзитот на гас преку Украина сочинуваше приближно половина од вкупниот извоз на гас на Русија преку цевководи до Европа.

Русија сè уште извезува гас преку гасоводот „Турски тек“ на дното на Црното Море. Турски тек има две линии – едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

Европската унија ги удвои напорите за намалување на зависноста од руската енергија по избувнувањето на воениот конфликт во Украина во 2022 година, барајќи алтернативни извори. Останатите купувачи на руски гас преку Украина, како Словачка и Австрија, исто така се договорија за алтернативни испораки. Во декември Австрија одлучи да го раскине долгорочниот договор со Гаспром, Словачка му се закани на Киев со одмазда, според написите во медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 2025 година пет продолжени викенди
Следна Статија Олмо и Пау Виктор се слободни фудбалери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп се налути: Најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,…

October 11, 2025
СВЕТ

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја разгледува можноста на Израел да му достави противракетен систем ТХААД. Според американски неименувани…

October 13, 2024
СВЕТ

Нова ЕУ директива: Голема промена за оние со возачка дозвола Б категорија

Земјите-членки на Европската Унија имаат рок до 2033 година целосно да ги усогласат своите закони со новата Директива за возачки…

October 19, 2025
СВЕТ

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја разнела делови од патот што ги поврзува двете корејски држави

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја уништила делови од пат што ги поврзува двете држави на нејзина територија. Тоа доаѓа…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?