Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
МАКЕДОНИЈА

На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години

Објавено January 1, 2025 11:20
Сподели
Сподели

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.

Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.

На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. Прегледани се вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири се женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна е 17, а најстарата 26, а кај машките најмладиот е 14, а кајстариот 38 гдини. Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година, изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Еден од пациентите измешал алкохол и таблети. Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.

– Труењата со алкохол до 25 години се животозагрозувачи состојби и треба многу да се внимава, тоа е едниот проблем, а другиот е што има пациенти што тоа го зачинуват со медикаменти што е уште поопасна состојба која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето. За среќа ниту еден пациент не задржан после примената терапија и сите се пуштени на домашно лекување со совет како да се однесуваат во наредните денови, изјави Чибишев.

И дежурството на новогодишната ноќ во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, според директорт Небојша Настов, поминало мирно, со вообичаен број на итни пациенти како во нормалните денови. Вкупно се прегледани 81 пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца се од физички пресметки и извршени се три оперативни интервенции.

– За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно малолетници на возраст од 12 до 17 години, рече Настов, посочувајќи дека за жал најверојатно се користат се поголеми петарди со поголемо барутно полнење и оставаат трајно оштетување кај децата.

На ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, како што информираше доктор Игор Мерџановски, имало помалку работа за 30 проценти од претходните години.

Направени се 35 прегледи од кои кај 9 лица од сообраќајки со лесни телесни повреди и тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примене и еден странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на ноост и главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување, изјави Мерџановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи
Следна Статија Видео: Точно на полноќ, стотици огномети го осветлија Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура

Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

„ОД ПЛАМЕН ДО НАДЕЖ“, документарен филм за преживеаните од Кочани

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани се одржува денеска во Скопје, а по…

March 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?