Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции

Објавено January 1, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека политиките што ги спроведува новата Влада на крајот на оваа година да донесат подобри резултати и посилна економија.

На својот ФБ профил вели дека крајот на годината и почетокот на Новата е време кога гледаме зад нас што сме направиле и на што сме ја потрошиле нашата енергија и какви очекувања имаме за Новата година.

Испративме година во која се соочивме со многу предизвици. Во првата половина од годината нашата енергија беше насочена да ја добиеме можноста за справување со предизвиците, додека во втората половина почна и практичната работа на терен – детектирање на реалната состојба и преземање конкретни мерки за нивно надминување. Дел се зад нас, за дел се поставени основите за решавање, но секако претстои многу работа пред нас, затоа што решавме прашања на кои не се работело со децении“, вели министерката.

Таа во објавата преку бројки ја претставува годината што ја испраќаме. „Намалена невработеноста на 12,3 %, растот на економијата во третиот квартал достигна 3%. Буџетот се реализира согласно планираното, стабилен е и одржлив. Приходите бележат раст над 10%, и тоа во услови на стабилизирана инфлација и инфалција која од двоцифрена во минатата година се сведе на околу 3,5%. Расходите се во рамки на планираното, како и дефицитот. Јавниот долг се управува преку навремено сервисирање на обврските и обезбедување на потребните средства по најоптимални услови на пазарот. Капиталните инвестиции се приоритет на кој ќе работиме во наредната година и на крајот на годината да споделиме позитивни резултати“, стои во објавата.

Во неа додава дека изминати се само шест месеци од промената на политиките што ги спроведува новата Влада, дека беше потребна многу енергија за да се постави основата и дека се уште има многу енергија која ќе се вложи за постигнување на целта.

„Инвестициите се основата на нашиот концепт за развој. Веруваме во неговата реализација и во бенефитот што ќе го донесе за сите. Тие се основата за поразвиена економија и посилни и поконкурентни компании, повеќе приходи во буџетот, подобри услуги кои се финансираат од парите на граѓаните – образование, здравство, социјални услуги, инфраструктура и слично. Тоа ќе значи подобар стандард за граѓаните и повисоки плати и повисоки пензии. Во новата година влегуваме со голема посветеност за остварување и градење општество во кое ќе обезбедиме благосостојба за сите граѓани“, наведува министерката за финансии.

Во Новата година на сите посакува да донесе здравје, среќа и просперитет. „Ви посакувам среќни празници и бериќетна година. Понесете позитивна енергија, многу љубов и секогаш со вас носете ја надежта за подобро утре“, порачува министерката честитајќи ги празниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По повреда на раката од петарда синоќа: 13- годишно дете ќе остане со инвалидитет
Следна Статија Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Очекуваме постабилен економски амбиент во 2025 година

Во очекување на економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал, да…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата

Финансиска поддршка до 100.000 евра, која треба да им помогне да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, рече дека…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?