Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина
СВЕТ

Се огласи Фицо: Ќе преземам „реципрочни мерки“ против Украина

Објавено January 1, 2025 23:00
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Европската унија, а не Русија, ќе биде во загуба откако Украина го спречи транспортот на руски гас, пишува денеска бриселско Политико.

Запирањето на транзитот на гас преку територијата на Украина ќе има драстично влијание врз сите нас во ЕУ, но не и врз Русија, порача Фицо во своето новогодишно обраќање.

За време на божиќните празници во Москва, Фицо разговараше за снабдувањето со гас со рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, словачкиот премиер тврдеше дека завршувањето на договорот ќе ги зголеми трошоците за ЕУ ​​и ќе и наштети на конкурентноста на Унијата, како и дека ќе предизвика зголемување на цените на енергијата во Словачка.

Фицо се закани дека ќе преземе „реципрочни мерки“ против Украина доколку не го продолжи аранжманот, вклучително и стопирање на извозот на електрична енергија во земјата, која се соочува со сурова зима.

Од друга страна, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска го поздрави крајот на рускиот договор како победа на Киев.

-Путин потроши милијарди за изградба на Северен тек за да ја заобиколи Украина и да ја уценува Источна Европа заканувајќи се дека ќе го прекине гасот. Денеска Украина му ја ускрати можноста за директен извоз на гас во ЕУ, порача Сикорски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родени се со натпросечен ум: За овие 3 знаци астролозите тврдат дека се најинтелигентни во хороскопот
Следна Статија Хамилтон, добредојде во црвеното семејство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Исчезна познат руски генерал, се шират гласини дека е убиен

Судбината на командантот на руската северна група, генерал Александар Лапин е доведена во прашање. Се шират гласини дека исчезнал, а…

March 24, 2025
СВЕТ

САД се подготвува копнено да влезе во Иран?

Претставници на Пентагон вршат детални подготовки за евентуално распоредување американски копнени сили во Иран, изјавија за Си-Би-Ес извори запознати со…

March 20, 2026
СВЕТ

Маск со мапа за фертилитет во Европа: Најлошо во Украина и Полска, најдобро на Косово и Бугарија, Македонија во средина

Американскиот милијардер Илон Маск сподели мапа на социјалните мрежи на која се прикажани стапките на плодност во европските земји. „Или…

July 15, 2025
СВЕТ

Трамп најави нови напади врз Иран, еве кога

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?