Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра

Објавено January 2, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА окрива дека се во завршни преговори со една компанија од многу моќна земја-членка на Европската унија за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра во делот на напредната технологија, односно во делот на производство на батерии. Најавува дека 2025 година ќе биде исклучително квалитетна во делот на привлекувањето странските инвестиции.

-Можам да кажам дека сме во завршни преговори со една компанија која што доаѓа од земја членка на Европската унија, многу моќна земја членка на Европската унија со која што преговараме за инвестиција помеѓу 350-360 милиони евра во делот на напредната технологија, односно во делот на производство на батерии, нешто кое што навистина претставува иднина не само во Европа, туку насекаде во светот. Потоа имаме и инвестиција на постоечки многу квалитетен инвеститор со огромно учество во извозот којшто во јануари треба да се произнесе дали ќе ја проширува својата инвестиција тука и тоа ќе значи многу за македонската економија. Ние сме во последен круг, во најтесен круг како држава заедно со една од сојузните држави на Соединетите Американски Држави. Ќе кажам тоа е државата Пенсилванија. Значи, Пенсилванија и Македонија се во најтесен круг за оваа инвестиција. Работиме дневно на овој план, изјави Мицкоски.

За тоа дали ќе се менува моделот на странски инвестиции вели дека се менува во делот на законските одредби, стимулацијата, односно поддршката на странските инвестиции, но напоменува дека тоа нема да биде драматично различно од тоа што било досега, туку едноставно се прави обид за диверзификација на инвестициското портфолио во гранки коишто имаат висока додадена вредност.

Но, она што е важно и што треба за нас да претставува предизвик каде ние ја гледаме македонската економија во овој сегмент за 10, 15, 20 години од денес, бидејќи ваквиот начин на привлекување на странски инвестиции којшто започна пред би рекол еве можеби 20-ина години сега веќе ги исцрпува своите можности, го достигнува својот пик, би рекол врв, и сега ние треба да видиме како би го диверзифицирале сето ова, целосното портфолио во иднина и каде во иднина ние ја гледаме македонската економија во делот на странските директни инвестиции, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Свети Игнат – Што ќе правите денес, тоа ќе го правите во текот на целата година
Следна Статија Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите

Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски, на ЛинкедИн објави дека започнува да работи на нова позиција како Координатор за дигитализација…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска најави завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите,…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?