Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Објавено January 2, 2025 21:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се повредени.

-Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин.

Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност. Оваа трагедија е потсетник за важноста на заедништвото и солидарноста помеѓу народите во регионот, особено во моменти кога се соочуваме со вакви трагедии што оставаат длабоки лузни во општеството.

Упатуваме поддршка до сите надлежни институции во Црна Гора кои со голема посветеност работат на расветлување на овој немил настан и на враќање на мирот и безбедноста во заедницата. Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови и останува подготвена да понуди каква било поддршка што би била потребна.

Нека почиваат во мир сите невини жртви, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, објави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот
Следна Статија Детали за убиството во Тетово: Таткото го усмртил синот пред два дена по меѓусебна тепачка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската „ЕЛЕНО ЌЕРКО“ ги разбранува грчките медиуми и национал-шовинистички кругови

Порталот „Грик Сити Тајмс“ и денеска се осврнува на инцидентот од минатата недела, кој стана контроверзен кога локалните власти интервенираа…

December 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Ќе се кратат места во МВР, има повеќе функционери отколку работници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека ќе се кратат работни места во…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?