Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи
МАКЕДОНИЈА

Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

Објавено January 3, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на автоплацови во Македонија, без да се платат увозни давачки.

Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што на буџетот на државата, преку избегнување плаќање увозни давачки, е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на прес-конференција, на која информира за случаите.

Директорот притоа рече дека постои сомневање оти избегнатите давачки и штетата нанесена на буџетот на државата е многу поголема затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

Досега до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службената должност и овластувањето. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејства кривични пријави ќе следуваат за други лица, при што некои од нив ќе се товарат за повеќекратно извршување исти или слични дела. Во однос на царинските службеници што извршиле злоупотреба на службената положба и овластувањето, во тек се дисциплински постапки по што ќе следуваат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи, кои се потребни за завршување на царинската постапка, и фиктивно гo раздолжувале транзитот, без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и завршувале на разни автолацови во државата.

Николовски порачува дека нема да има простување и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели тој, е само почеток на она што следува, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во буџетот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството
Следна Статија Мицкоски: Над 300.000 пензионери пак ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Денеска, во свечена атмосфера, Онер Јакупоски официјално…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре e Бадник, а задутре Божик

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секоја година долгот на „МЖ транспорт“ кон хрватска компанија се зголемува за еден милион евра

Судскиот спор за меѓународно признат долг на „Железници на РСМ – транспорт“ АД Скопје кон „Хрватски железници – карго“ е…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?