Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ученик од Миравци дискриминиран поради фризурата од директорката и од класната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ученик од Миравци дискриминиран поради фризурата од директорката и од класната
МАКЕДОНИЈА

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризурата од директорката и од класната

Објавено January 5, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Комисијата за спречување на дискриминацијата на крајот на декември донесе одлука за утврдување на директна дискриминација врз ученик во основното училиште „Свети Климент Охридски“ во гевгелиско Миравци.

Се започнало во септември кога директорката и класната на ученикот инсистирале тој да доаѓа среден на училиште, но и кога детето дошло со скратена коса само од страните, а горниот дел фатен во опавче, тие ја побарале неговата мајка на телефон.

Додека траел разговорот, како што стои во претставката поднесена од неговата мајка до Комисијата, тој вознемирен и расплакан сам со ножици си го отсекол опавчето.

Кога следниот ден дошол со таква фризура на училиште директорката инсистирала да се почитува кодексот на улиштето и покрај тоа што во училиштето со иста фризура имало еден вработен и девојче од осмо одделение.

Но, откако педагогот и укажал на мајката дека нејзиниот син ќе добие укор пред исклучување, убедувајќи ја дека никаде не е дозволена таква фризура, таа случајот го пријавила пред надлежните.

Со оглед на тоа, мајката го пријавила случајот до надлежните, по што Комисијата за спречување на дискриминацијата ја разгледала жалбата и утврдила дискриминација врз основа на родови стереотипи. Комисијата препорачала училиштето да ги ревидира своите интерни акти и да се воздржи од такви дејствија во иднина. Во спротивно, во рок од три месеци ќе се покрене прекршочна пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милиони луѓе во САД под закана од снежна бура и екстремни временски услови
Следна Статија Десет држави кои складираат најмногу злато во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите и наставниците клучни фактори за безбедноста на младите на интернет

Социјалните мрежи се дел од секојдневието на младите, но нивното неправилно користење може да предизвика сериозни последици. Ова особено го…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Ване Цветанов се луксузирал на сметка на државата, а си ја ангажирал и вереницата за надворешен соработник

Поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата е обвинет дека за една година , од 2021 до…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата

На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население

Само 13,46 проценти од државните институции поврзани на Платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?