Туна продадена за 1, 3 милиони евра на аукција во Јапонија

A bluefin tuna which fetched at 207 million yen (US$1,315,485) at the first auction of the year, is displayed at Toyosu Market in Tokyo Sunday, Jan. 5, 2025. (Kyodo News via AP)
- Advertisement -

Црвената туна беше продадена во Јапонија за речиси 1,3 милиони евра, за време на традиционалната новогодишна аукција на туна во Токио.

Престижниот суши-ресторан Онодера Груп со ѕвезда на Мишелин плати 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра) за рибата тешка 276 килограми, уловена во Ома во северната префектура Аомори.

„Се верува дека првата туна носи среќа“, изјави директорот на ресторанот Шинџи Нагао за новинарите по аукцијата.

„Сакаме луѓето да јадат туна и да имаат прекрасна година“, додаде тој.

Рекордна цена за туна на аукција во Јапонија беше постигната во 2019 година. Тогаш рибата се продавала за 333,6 милиони јени (2,7 милиони евра тогаш), а тежела 278 килограми.

Сподели ја оваа статија