Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Објавено January 6, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува.

„Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат универзитетските професори во Србија.

Тие ги осудија обидите на власта да ги заплаши колешките и колегите студентки и студенти преку јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивната и на адресата на нивните родители.

„Повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, порачаа професорите.

Студентите пред повеќе од еден месец почнаа да блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, како и две универзитетски централи. Тие бараат објавување на комплетната документација поврзана со урнувањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, што се случи на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, отфрлање на кривичните пријави против студентите и активистите уапсени на протестите, како и прекинување на постапката.

Српската влада ги осудува протестите и блокадите што повеќе од еден месец се одржуваат во градовите низ државата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воената полиција совлада маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер
Следна Статија Ракометарите ќе добијат по милион денари за секоја победа на СП!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Босанското „Ливањско сирење“ доби заштитено географско потекло

Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско…

December 14, 2024
БАЛКАН

Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера со дедо им биле на железничката станица во Нови Сад во моментот…

November 2, 2024
БАЛКАН

По „10-та мајка“ бел чад од бугарското собрание: Киселова избрана за претседател

Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесе БГНЕС.…

December 6, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО Скандал на бугарско лото, извлечена залутана топка со погрешен број

Бугарската спортска лотарија (БСТ) се најде во центар на скандалот откако беше извлечен бројот 41 на овонеделната ждрепка „Тото 2…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?