Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот
ЗАБАВА

Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот

Објавено January 7, 2025 12:19
Сподели
Сподели

Макало е традиционално македонско јадење базирано на лук. Најосновниот вид макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински оцет, млака вода и сол, кои се додаваат во дрвен сад и добро се мешаат. На ова јадење често му се додаваат сушена црвена пиперка, сечкан магдонос, луто пиперче, ореви, млеко или јогурт.

Постојат различни видови макала кои можат да вклучуваат печени лути пиперки, модри патлиџани, зелени домати, свежи или печени црвени домати или варен компир. Макалото може да се сервира како сос или како предјадење, во зависност од состојките што се користат. Обично се јаде со многу леб и сирење и е одличен додаток на скара.

Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот. Во продолжение ви нудиме рецепт за ова јадење кое можете да го јадете како намаз на леб, со скара, како сос – како и да посакате.

Состојките можете да ги прилагодите според вашиот вкус бидејќи, како што споменавме погоре, во макалото навистина може да се додаде сè, но за основниот рецепт ќе ви бидат потребни:

  • лук
  • масло
  • оцет
  • вода
  • печени лути пиперки
  • сол
  • магдонос

Подготовка
1. Подгответе го лукот
Прво излупете го и измијте го лукот, а потоа ставете го во дрвен сад за пасирање.

Можете да го ставите и во блендер, но сосот ќе има подобар вкус ако го испасирате рачно во дрвен сад.

2. Направете паста
Додајте сол на лукот (количината прилагодете ја според вашиот вкус) и пасирајте го додека не добиете мазна смеса, слична на мајонез.

3. Додајте масло
Додајте масло на лукот и мешајте додека сè не се изедначи.

4. Додајте оцет и вода
Постепено додавајте оцет и промешајте, а потоа додајте и млака вода и повторно добро промешајте.

5. Додајте пиперки
На крај додајте ги лутите пиперки и ситно сечканиот магдонос (по желба), измешајте и сервирајте со леб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп одново ја „кани“ Канада да стане дел од САД
Следна Статија (Видео) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица, над 130 повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Oва е омилената радио станица на Лука Дончиќ за слушање „народњаци“

Лука Дончиќ е голем фан на турбо фолк музиката. Тој се загрева со познати „народњачки“ хитови и ги зарази своите…

February 28, 2025
ЗАБАВА

Почина најстарата личност на светот, имаше 116 години: Таа ја откри тајната на нејзината долговечност

Најстарата личност на светот, калуѓерката Ина Канабаро Лукас, почина во среда на 116 години, откако едвај го преживеа детството и…

May 1, 2025
ЗАБАВА

Вистинска празнична авантура: Новогодишен воз на 2, 3 и 4 јануари

Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска…

December 31, 2025
ЗАБАВА

Скандал на концерт на „Колдплеј“: Оженет, моќен директор е „уловен“ со љубовницата од човечки ресурси (ВИДЕО)

Концертите на „Колдплеј“ се меѓу најпопуларните музички настани во светот, со до 70.000 луѓе во публиката. Меѓу толкава публика, човек…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?