Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик
МАКЕДОНИЈА

Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик

Објавено January 8, 2025 10:40
Сподели
Сподели

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Народот вели дека вториот ден на Божиќ, треба да го посветите на прошетки и посети на пријателите и кумовите. Како што е обичај на Божиќ да се остане дома и првиот ден од празникот да се помине со семејството, вториот ден е време кога се посетуваат, роднините, пријателите, кумовите.

Се верува дека на денешен ден се мират и оние кои со години се скарани и дека не е добро да се избрка било кој од куќниот праг. Денеска, на празничната трпеза која се уште е поставена, сите се еднакви и во здравје и веселба го слават најрадосниот празник во христијанството.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трудо: Канада нема да стане дел од САД
Следна Статија Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

После неколку одлагања: Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пред шест децении се раѓале двојно повеќе бебиња од денеска

Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија

За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?