Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“
СПОРТ

Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“

Објавено January 8, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат.

Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата откако актуелниот шампион Галатасарај го победи Гезтепе со 2-1.

Како што беше соопштено, многу судиски одлуки отидоа во корист на Галатасарај, што влијаеше на конечниот исход.

На домаќинот му беше досуден пенал во сомнителна ситуација, додека на другата страна тоа не беше случај кај очигледното играње со рака на Лукас Тореира.

По мечот изби познатата војна на изјави, а се вклучи и Мурињо.

Единствено што можам да кажам е дека во мојата 25-годишна тренерска кариера, никогаш не сум видел вакво нешто. Ова е димензија која оди подалеку од сè што е разбирливо. Мислам дека ова не е ситуација во која еден клуб, борец, ќе уништи состав кој е неверојатно силен и ефикасен. Сите говореа исто: ‘Скандал, скандал, скандал’, научив нов збор“, рече па продолжи:

Скандал, скандал, но мислам дека на некои од вас ви се допаѓа. Во оваа земја го сакаат. Тоа го сакаат дури и победниците, што е најлошо, затоа што да се победи по секоја цена и на овој начин е најлошо. Немам што да кажам за посветеноста на играчите. Во смисла на доверба и чувство дека нешто е токсично? Чувствуваме, очигледно чувствуваме, но мислам дека и противниците тоа го чувствуваат“, рече Мурињо.

Фенербахче заостанува осум бода зад Галатасарај, кој по 17 одиграни натпревари се уште е непоразен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик
Следна Статија Шефот на OpenAI обвинет од неговата сестра за силување, тој негира се

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Фокс потпиша нов договор со Спарс – ќе заработува повеќе од Дончиќ

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс, потпиша нов, максимален договор со НБА франшизата од Тексас. За четири години ќе…

August 5, 2025
СПОРТ

НФЛ меч ќе се игра во Минхен

НФЛ лигата го објави распоредот на натпревари кои во новата сезона ќе се играат надвор од САД. За првпат натпревар…

May 15, 2026
СПОРТ

(Видео) Не помогна ниту евро голот на Барди – Казахстан однесе бод од Скопје

Македонија не успеа да го победи Казахстан во претпоследниот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Скопје натпреварот…

October 14, 2025
СПОРТ

ФФМ ја одреди цената на влезниците за натпреварот против Велс

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница ја одреди цената на влезниците за мартовскиот дуел во…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?